Лондон, 22. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Научници во Британија тврдат дека ја откриле причината поради која пушењето на марихуана предизвикува неконтролиран апетит за брза храна.– Нивното истражување покажа дека канабисот активира посебен центар во мозокот кој е одговорен за чувството на глад, објави „Дејли Меил“.Научниците ја истражувале мозочната активност на глувци под дејство на оваа дрога. Истражувањето, објавено во списанието „Нејчр“, покажа дека глувците биле гладни под дејство на дрогата.Ова откритие може значително да им помогне на луѓето кои го губат апетитот поради некоја болест. (Крај)извор: Дејли Меил фото: архива
Прочитано: 21