август 1, 2024

Охрид, 31. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Многу луѓе не го сакаат летото поради досадните комарци, кои касаат некои некои луѓе повеќе од другите.

Медицинската сестра Miki Rai тврди дека голем број фактори влијаат на тоа колку ги привлекуваме комарците, вклучувајќи ја нашата крвна група, бојата на облеката и количината на јаглерод диоксид што го издишуваме.

– Дали се чувствувате како да ве касаат комарците повеќе од просечен човек? Ќе ви кажам зошто е тоа така, вели Rai.

Прво, таа објаснува дека комарците ја претпочитаат крвната група 0 во споредба со другите типови, како што се А или Б. Тие се привлечени и од поголеми количини на јаглерод диоксид во воздухот.

– Така наводно нè „одбираат“ комарците. Колку сте поголеми, толку повеќе испуштате јаглерод диоксид, што ве става во ризик. Исто така, издишувате повеќе јаглерод диоксид после вежбање или кога сте бремени, така што би можеле да бидете подложни на каснувања од инсекти, додаде таа.

Вели дека и бојата на облеката може да ги привлече комарците.

– Студиите покажуваат дека комарците повеќе ги привлекува облеката со темна боја, особено црвената, портокаловата и црната. Така, носењето облека со светла боја може да помогне, заклучи таа.

Според Healthline, и мирисот на телото и телесната температура влијаат на тоа колку сме привлечни за комарците. Студија од 2002 година ги разгледа ефектите од консумирањето алкохол врз привлечноста на комарците и откри дека оние кои пијат пиво се попривлечни за инсектите отколку луѓето кои не консумираат алкохол. (Крај)

извор: index.hr фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука