Вашингтон, 21. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Ќерката на американскиот претседател, Доналд Трамп, ќе се смести во Белата куќа.
Имено, Иванка Трамп ќе добие своја канцеларија во резиденцијата на својот татко и ќе е ангажирана како негов советник.
35-годишната Трамп ќе има пристап до доверливи информации и мобилни телефони, кои ги издава Владата, потврди претставник на Белата куќа. Со ова, Иванка ќе му се приклучи на нејзиниот сопруг, Џаред Кушнер, кој е главен советник на Трамп.
Според најавите, Иванка нема да зема плата, ниту ќе има официјална титула.
извор: МИА фото: архива
Прочитано: 27