март 10, 2017

Барселона, 10. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Каталонските медиуми јавуваат дека хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ го продолжил договорот со Барселона до јуни 2021 година.

Управата на Барса не ги објавила финансиските детали од договорот, но во него била вметната откупна клаузула од 125 милиони евра.Ракитиќ оваа сезона најчесто е резерва кај Луис Енрике, поради што се шпекулираше дека тој ќе го напушти клубот, но Барселона успеа да го задржи во своите редови.

Хравтскиот репрезентативец на „Ноу Камп“ дојде од Севилја во 2014 година,и за каталонците има одиграно 145 натпревари и постигнато 23 голови. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука