јануари 9, 2017

Барселона, 9. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Медиумите на Островот тврдат дека Иван Ракитиќ е на добар пат да го замени дресот на Барселона со оној на премиерлигашот Манчестер сити.

Тој не беше во тимот на синоќешното гостување против Вилјареал, што јасно става до знаење дека не е во најдобри односи со тренерот Луис Енрике.

„Јутарњи лист“ бомбастично најавува пренесува дека Ракитиќ е на излезна врата од „Камп Ноу“, а трансферот во Манчестер Сити се очекува да биде остварен уште во наредните неколку денови.Повикувајќи се на своите извори, весникот тврди дека Ракитиќ со тешко срце веќе донел одлука да си замине од Барселона, и тоа со цел да соработува со тренерот за кој има голема почит.

Неговата цена на пазарот е 50 милиони евра, но сигурно е дека „граѓаните“ можат да ги задоволат барањата на управата на Барселона со цел да го доведат Ракитиќ во своите редови. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

 

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука