Охрид, 8. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Заштитата на Охридското Езеро, но и сите води генерално, со обезбедување на одрживо пловење по нив во електрифицирани пловни објекти е идејата на која работат иноваторите Иван Спасески и Миле Шошевски.
Замената на класичните мотори со внатрешно согорување и искористување на енергијата од сонцето е еколошки, но и економски одржлив модел, што ќе се развива во Македонија.
Спасески и Шошевски развиваат концепт за електрификација на кајчињата и бродовите што треба да обезбеди подобрување на квалитетот на животната средина и заштеда на енергија, но нудат и уште една новина, а тоа се електричните сурф и СУП даски, како еколошка опција за дополнување на туристичката понуда.
– Идејата на овој проект е воведување концепт понуда за одржлив систем за поддршка на електрични пловни возила. Основа на системот за поддршка на електрични пловни возила е замена на постојните мотори на кои работаат пловните возила (кајче, брод, катамаран и сл.) со електричен мотор – пропулзија. Системот за поддршка се состои од понуда за надградба во електричен погон заедно со изградба на точки за напојување, поставени на оптимални растојанија во делокругот на движење на пловните возила. На овие точки ќе бидат поставени фотоволтаични станици за полнење, а притоа секој корисник ќе има два или повеќе сетови на батерии така што додека едниот сет е во употреба, другиот се полни, велат Иван и Миле.
Комплетната информација на порталот inovativnost.mk ОВДЕ. (Крај)
извор: inovativnost.mk/Сања Наумовска фото: inovativnost.mk