Скопје, 18. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Претседавачот на ОБСЕ и српски министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска ќе престојува во посета на Република Македонија.
Дачиќ ќе се сретне со амбасадорот на ОБСЕ Ралф Брет, а ќе оствари средба и со претседателот Ѓорге Иванов. Се очекува тој да се сретне и со премиерот Никола Груевски, вицепремиерот Муса Џафери, министерот за надворешни работи Никола Попоски и министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми.
Србија го почна претседавањето со ОБСЕ на 15 јануари. Претседавањето ротира секоја година меѓу членките на ОБСЕ, а одлуката ја донесува Министерскиот совет. (Крај)
извор: МИА фото: архива
Прочитано: 21