Охрид, 9. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Ивона Јо со одличната „Себично“ се претстави на годинешното издание на фестивалот „Макфест“ во Штип, песна која доби и спотот во кој Ивона јасно ја пренесува својата порака до публиката.
– Оваа песна е за едно време кога „себично“ ја чував болката во себе и за себе. За едно време кое зеде сѐ од мене за да се пронајдам себе си’. Патот до себе ме доведе до оваа песна која ми ја исцели душата вадејќи ја секоја негативна емоција од мене, вели Ивона.
Додава дека песната е интимно патување низ мракот на срцето, а светлото кое трепка и хаотичните движења создаваат слика на внатрешен хаос. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 26