март 4, 2015

Струга, 4. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Македонскиот музичар и шоумен Игор Џамбазов после долго време, повторно ќе биде концертно во Струга заедно со маестро Гуру Харе.

Тие во петок, 13-ти март, ќе одржат екслузивен мини концерт со бенд во живо во Клуб Револушн во Струга.

Најдоброто од светот на музиката од џез, рок, блуз, соул жанровите, ќе биде изведено во рамките на концертот.

Картите за настанот веќе се во претпродажба по цена од 300 денари, додека на врата ќе бидат 400 денари.

Почетокот на концертот е во 23 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука