News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
ноември 26, 2024

Скопј/Охрид, 26. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Идната година 122 милиони евра ќе се слеат во Министерството за здравство, што е 334 милиони денари повеќе од годинава, ќе се набави современа опрема за јавните здравствени установи, а предвидена е и доградба и реконструкција на болниците, рече денеска пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска во врска со државниот буџет за 2025 година.

– Меѓу нив се и Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид, Општата болница Кичево и Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Ќе продолжи изградбата на Клиничката болница во Штип, а се планираат и градежни активности и реконструкции во Здравствениот дом Скопје, Клиниката за психијатрија и многу други, најави пратеничката Стојановска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука