Охрид, 23. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Согласно Законот за празници, во текот на следната недела има два неработни денови.
Понеделник, 28-ми август, празникот Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија.
Додека пак, петок 1-ви септември, првиот ден на Курбан Бајрам е неработен за граѓаните од муслиманска вероисповед во земјава, информираат од Министерството за труд и социјална политика. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 28