Охрид, 22. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на денот на булеварот „Туристичка“ имаше работна акција, се поставуваа нови „легнати полицајци“.
Хоризонталните успорувачи на брзина или популарните лежечки полицајци вистина е дека во изминатиот период често пати беа мета на несовесни граѓани кои ги уништуваа, а некои иако уништени, не беа променети уште од нивното поставување.
Но, надлежните служби утврдија дека токму овој, по некоја „случајност“ предизборен период е најпогоден за нивна замена.
Сигурно во деновите кои престојат ќе гледаме уште вакви инфраструктурни зафати да се дозаврши она што било ветено на некој од минатите изборни циклуси. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 38