News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
мај 8, 2024

Струга, 8. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Излезноста во Струга на Претседателските и Парламентарните избори до 13:00 часот е многу ниска, покажуваат резултатите објавени на официјалната веб страна на Државната изборна комисија (ДИК).

На Претседателските избори од вкупно 61.496 во избирачкиот список гласале само 7.258 лица на едно од 87 избирачки места, односно 11,81% од избирачкото тело.

На Парламентарните избори од вкупно 61.620 гласачи во избирачкиот список гласале 10.884 лица, односно 17,68% од избирачкото тело.

Во општините Охрид и Дебрца сите избирачки места утрово беа отворени навреме и не се регистрирани нешравилности.

Граѓаните на Република Македонија денеска ќе го дадат својот глас за новиот шеф на државата кој ќе ја води во текот на следните пет години. Во изборната трка се двајца кандидати, кои влегоа во вториот изборен круг. Кандидати за прв човек на Република Македонија се Стево Пендаровски, поддржан од СДСМ и коалицијата и Гордана Силјановска- Давкова од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Во борбата да освојат пратенички мандат во 120-члениот Парламент се 17 кандидатски листи поднесени од партии и коалиции. За парламентарни избори, Република Македонија е поделена на шест изборни единици и од секоја од нив во Собранието влегуваат по 20 пратеници, при што, според таканаречениот Донтов модел, се пресметува која партија колку пратенички места ќе добие. Повеќето од партиите и коалициите за овие избори имаат кандидатски листи во сите шест изборни единици. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука