април 4, 2017

Скопје, 4. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Васил Пеевски со неговиот авторски коктел See you in Copenhagen ја понесе титулата најдобар македонски бармен за 2017 година, во категоријата класична подготовка на коктели, на 10-то Државно првенство на бармени.

Второто место му припадна на Ѓорѓи Симјаноски со неговиот авторски коктел Have fun. Трето место во класична подготовка на коктели освои Никола Стојмановиќ со коктелот Cupcake.

kokteli_2_640x360

Во втората категорија флертендинг првото место го освои Александар Бошев и неговиот Oriental Exotic коктел со кој направи одлично шоу за присутните. Со второ место се закити Љупчо Јаковлески со коктелот Habibi, а третото место го освои Игор Ѓуров со коктелот Oliva.

Признание за најдобра техника во класична подготовка на коктели освои Љубен Богдански.

Победничките коктели и бармени кои ќе ја претставуваат Македонија на Светското првенство на бармени во Копенхаген, Данска, беа избрани на 10-тото Државно првенство на бармени на Македонија, што се одржа во вторник во Скопје.

Покрај натпреварувачкиот дел, во рамки на првенството се одржаа и два семинари за бармените на кои се презентираа новитетите на македонскиот пазар на пијалоци.

Специјални гости предавачи беа Мате Ксатлос, бренд амбасадор за Angostura рум од Данска и Ники Неиков – бренд амбасадор за Diageo Reserve – Бугарија. (Крај)

извор: ОхридПрес   фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука