октомври 7, 2024

Охрид, 7. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Избрани најдобрите литературни и ликовни творби на конкурсот објавен од Општина Охрид на тема: „Сите нијанси на есента во полиња и градини преполни со плодови бои“.

Жири комисијата ги разгледа пристигнатите литературни и ликовни творби и изврши избор на најдобрите трудови.

  • Од пристигнатите литературни творби награди освоија:
  • Прва награда во висина од 7.000 денари Виктор Милевски 14 години, ОУ„ Григор Прличев“ Охрид
  • Втора награда во висина од 5.000 денари, Лина Маркоска VIII одделение, ОУ„ Кочо Рацин“ Охрид
  • Трета награда во висина од 3.000 денари, Софија Миладиноска, 14 години, ОУ „Св. Климент Охридски“ Охрид
  • Од пристигнатите ликовни творби награди освоија:
  • Прва награда во висина од 7.000 денари Софија Стефаноска, 14 години, ОУ „Св. Климент Охридски“ Охрид
  • Втора награда во висина од 5.000 денари Марија Грозданоска, 7 години, ОУ „Христо Узунов“ Охрид
  • Трета награда во висина од 3.000 денари Матеј Бакулески, 14 години, ОУ „Св. Наум Охридски“, село Пештани, Охрид.

Наградените ученици во придружба на родител треба да достават трансакциски сметки во Одделението за заштита и влијание врз животната средина при Општина Охрид, улица „Димитар Влахов“ бр. 57, 6000 Охрид, секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука