Охрид, 26. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Синоќа на општинска конференција се избраа членовите на ИО и НО на ОО СДСМ Охрид.
– Со новиот ИО и НО би сакале да и дадеме на партијата чувство на дисциплина, чувство за професионализам, чувство за достигнување на цел. Нешто што никогаш не треба да го изгубиме. Ќе се трудиме да го промениме начинот на кој размислуваме. Но, не е доволно само да зборуваме за справување со проблемите, ние сите мора да ги имаме вистинските идеи за да ги смениме тие работи кои се рак рана на партијата преку промена на начинот на кој се однесуваме, преку отворен разговор и достапност, истакна претседателот на ОО на СДСМ Охрид, Асен Шајн.
Тој им се заблагодари на досегашните членови на ИО и НО и го поздрави конструктивниот дијалог и размислувања и ставови на вчерашната концеренција.
На конференцијата беше присутен и Потпретседателот на СДСМ, Методија Илијевски, кој ја поздрави општинската конференција и му посака на членството сплотеност и заедништво, како најсигурна основа за враќање на партијата на победничките патеки. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: СДСМ Охрид