февруари 28, 2015

Нион, 28. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Вчера во Нион беа извелечени 1/8 финалните двојки во Лига Европа. Во оваа рунда ќе гледаме една италијанска и една шпанска пресметка, а дерби мечевите  ќе бидат помеѓу Волфсбург-Интер и Фиорентина- Рома.

Поради актелната политичка ситуација во Украина ,УЕФА реши дека украинските и руските екипи нема да може да играат меѓу себе. Динамо Киев ќе игра против Евертон, а Дњипро против холандскиот Ајакс, додека руските екипи за противници добија екипи од Италија, Динамо Москва ќе игра против Наполи, а Зенит против Торино.

Актуелниот шампион во Лига Европа Севилја во шпанската пресметка ќе игра против Виљареал, додека Бешикташ ќе игра против Бриж.

Осминафиналните дуели ќе бидат на 12. и 19.март, четвртфиналињата ќе се одиграат на 16. и 23.април, полуфиналињата се на 7. и 14. мај, а големото финале ќе се одигра во Варшава на 27.мај.

Победникот во Лига Европа од оваа година ќе избори директен пласман во Лигата на шампиони во наредната сезона.

Лига Европа, осминафинале:Динамо Киев-Евертон , Дњепар-Ајакс ,Зенит-Торино ,Волфсбург-Интер ,Виљареал-Севилја ,Наполи-Динамо Москва ,Бриж-Бешикташ и
Фиорентина-Рома.(Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука