Охрид, 30. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска и утре Охрид ќе биде домаќин на најновото, 31-во издание на популарниот фестивал „Охрид фест – Охридски трубадури“, кој ќе се одржи на сцената „Долни Сарај“ во Охрид.
Денеска беше извлечен редоследот на изведувачите на Фолк вечерта:
1. Мишко Микеле Србиноски – „За љубов искрена“
2. Емилија Маринова – „Чувам слики, спомени“
3. Ѓоко Дичоски – „ Остани крај мене“
4. Ивица Станишиќ – „ Кога пеам за неа“
5. Анета Арсовска – „ Поздрав носам Македонијо“
6. Игор Бежановски – „Ти“
7. Петар Нечовски – „Сега друг те љуби“
8. Катерина Ристова – „ Дај боже дај “
9. Драган Николовски – Даце – „Катанче“
10. Благоја Грујовски – „ Ноќва Охрид не спие“
11. Ленче Кукиќ – „ Добри анѓели“
12. Нино Величковски – „ Ќе ти дарам еден цвет“
13. Група Биоритам – „ Засекогаш твој“
14. Ирена Спасовска – „ Горат шумите на Македонија“
15. Влатко Миладиноски – „ Песна за Свети Наум Охридски“
16. Катерина Танева -„Сама во ноќите“
17. Горан Кукиќ – „Уште си најубава“
18. Благица Павловска – „ Химна на љубовта“
Станува збор за еден од најпознатите музички фестивали во Република Македонија. Традиционално фестивалот ќе започне во 21:00 часот, а на фестивалот ќе бидат доделени неколку награди, вклучително и новинарската, каде нашите медиумски подржувачи одбираат песна што ги задоволува критериумите на седмата сила.
– Не очекува прекрасна вечер, порачаа организаторите.
Утре следува и Интернационалната вечер која е резервирана за поп-музиката. На сцената ќе ги видиме Јелена Томашевиќ, Дадо Топиќ, Гоца Тржан и многу други. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива