Охрид, 19. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Државен Инспектор за животна средина од Одделението за инспекциски надзор во животната средина-Пелагониски и Југозападен регион, Канцеларија Охрид во текот на пролетните месеци март-април изврши 7 инспекциски надзори во хотелски објекти во општините Охрид и Струга.
– Станува збор за хотелите „Аквалина“, „Гранит“, „Десарет“, „Инекс“ и комплексот „Метропол“ во Охрид, како и „Инекс Дрим“ во Струга и „Изгрев“ во струшко Радожда. Сите овие објекти поседуваат Елаборати за животна средина и отпадните води се поврзани на градска канализациона мрежа, информираат од Министерството за животна средина на Република Македонија.
Додаваат дека инспекциските надзори се реализираат континуирано согласно годишниот и месечниот план за работа на Државниот инспекторат за животна средина. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес