Охрид, 2. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на февруари Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР изврши десет контроли во станици за технички преглед на возила.
По однос на контролата во станиците за технички преглед на возила, односно во Одделенија за управни служби при Одделот за граѓански работи проверки беа направени во ОУР Охрид (станица за технички преглед-Центар за возила Охрид).
Контролата се однесуваше на почитување на работното време, согласно дневниот распоред за работа; на внесување на податоци во системот за продолжена важност на сообраќајната дозвола за возила и начин на издавање на регистарски таблици; на почитување на член 128 став 3 од Законот за внатрешни работи; како и за утврдување на алкохолизираност на овластените службени лица.
Било утврдено е дека нема неправилности по однос на контролираните прописи.
И во рамки на контролата на организациони единици при Секторите за внатрешни работи била извршена проверка во СВР Охрид (ПС од ОН Дебар и ПО за БПС Дебар). (Крај)
извор: МВР фото: архива