ноември 7, 2019

Струга, 7. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Излезе од печат новиот, 19-ти број на меѓународната ревија за литература, култура и уметност „Бранувања“, издание на Културниот центар „Бран“ од Струга.

Изданието е посветено на десетгодишнината од постоењето и активностите на литературната ревијаи на манифестацијата „Струшки книжевни средби“, која се одржа и годинава, a на која беа доделени книжевните награди (за целокупното литературно дело, за необјавена песна и занеобјавени книги поезија и проза).

Новиот број на „Бранувања“ донесува нови прилози на книжевни теми од Мерсиха Исмајлоска, Даниела Андоновска- Трајковска, Васил Тоциновски, Весна Мундишевска- Вељаноска, како и нови песни од Игор Крајчев, Даница Ивановска- Лепоевиќ, Наташа Алексова, Снежана Стојчевска и Верица Мукоска. Во делот на преведени странски автори објавени се песни на Новица Соврљиќ (Косово), Илир Пеја (Албанија), Марија Кобетс (Белорусија), Станислав Чандиновиќ- Ли ( Казахистан), Соња Цекова- Стојаноска (Словенија), Љубиша Симиќ и Саво Костадиновски ( Германија).

Во новиот број на „Бранувања“ објавено е Слово за Владо Малески, по повод 100-годишнината од неговото раѓање и 35 години од смртта, како и интервју со Петко Шипинкаровски, главен и одговорен уредник на „Бранувања“, организатор на манифестацијата Струшки книжевни средби и претседател на културниот центар „Бран“ во Струга.

Објавени се и неколку рецензии/прикази за новоизлезени книги, два раскази, како и книжевни студии посветени на творештвото на македонските писатели Димитар Пандев и Мустафа Спахиу и неколку текстови на актуелни теми и коментари за културните настани кај нас и пошироко. (Крај)

извор: Веле Митаноски фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука