октомври 17, 2021

Охрид, 17. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Граѓаните на Охрид по осми пат избираат градоначалник, а седми пат членови на градскиот совет.

Гласањето на избирачките места се одвиваше мирно и без поголеми проблеми.

Во Државната изборна комисија постојано се ажурираат податоците, па така од обработени податоци за 70 од 88-те избирачки места во Охрид своето гласачко право го искористиле 21.649 граѓани или 54,83%.

Охриѓани правеа избор меѓу тројца кандидати за градоначалник и 11 советнички листи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука