News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
ноември 7, 2024

Охрид, 7. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва, со почеток во 18:00 часот, во Blue Gallery во Венеција ќе биде отворена самостојната изложба „Lost in reflection“ на познатиот охридски уметник Сашо Блажес.

– Од „Lust from Nostalgia“ до „Lost in reflection“. До 2015 година имав име и презиме. Од 2015 до 2016 година отстранив 3 букви од него како знак на нов почеток. Јас сум истиот човек, но ова е моето уметничко име. И двете имиња се вредни, но тие се различни суштества, вели Блажес.

Критичарот Camilo Racana потсетува дека од самостојната изложба во Берлин во 2017 година, до онаа во Париз, оваа, 2024 година, Сашо Блажес генерира пет големи изложби, кои се негови пет посебни точки.

– Линијата на неговата работа може да се следи преку неговите особености. Во неговото творештво неопходно е посебноста на секоја изложба да се разбере, не како нејзина разлика, туку преку начинот на приближување кон заедничката тема на петте, прашањето за исчезнувањето на портретот. Неговото присуство, неговата невидливост. Патувањето, вели Racana за изложбата на Блажес.

News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...

Сашо Блажес е роден во 1980 година во Охрид, каде живее и работи. Дипломирал во 2006-та година на Универзитетот за ликовни уметности во Букурешт, Романија, како еден од најдобрите студенти на графичкиот отсек. За време на магистерските студии (2006-2008) бил вклучен од катедрата за графика во изготвувањето на неколку универзитески трудови од областа на графиката и графичките техники на Универзитетот. Зад себе има реализирано четиринаесет самостојни изложби во Македонија и во странство, а има учествувано на бројни групни изложби во Германија, Романија, Шведска, Јапонија, САД, Канада, Италија, Бугарија.

Негови дела се наоѓаат во приватни колекционерски збирки во Норвешка, Јужна Африка и Романија. Неговиот интерес во уметноста е насочен кон графиката и сликарството, фотографијата, музиката и кураторството. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука