Охрид, 8. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на охридскиот Завод и Музеј, на 11-ти овој месец, во Галерија Робевци ќе биде отворена Изложбата на ликовни дела „Антологија“.
На изложбата ќе бидат поставени дела од збирката на современа уметност при НУ Завод и Музеј од Охрид од доајените на македонското сликарство: Димитар Андонов Папрадишки, Димитар Пандилов, Никола Мартиноски, Лазар Личеноски, Томо Владимирски, Вангел Коџоман и Василие Поповиќ – Цицо.
За сите посетители изложбата ќе биде отворена еден месец и тоа во периодот од 11-ти август до 11-ти септември. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Завод и Музеј Охрид
Прочитано: 30