март 18, 2018

Струга, 18. Март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Утревечер во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе биде отворена изложбата „Москва денес“.
Ќе бидат претставени официјалните фотоматеријали доставени од Москва, а изложбата го отсликува современиот урбанистички изглед на руската престолнина.
Ќе бидат претставени реномирани знаменитости по коишто е позната Москва низ светот, уникатни архитектурни и инфраструктурни проекти изградени во Москва во последните неколку години, како и можностите за развој на туризмот, спортот, образованието и културата што ги нуди еден од најголемите градови на земјата.
Изложбата се одржува во рамки на одбележувањето 24 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Русија и Македонија и е во организација на Амбасадата на Русија и руската државна агенција „Россотрудничество“.
Свеченото отворање е закажано за 19:00 часот, аизложбата ќе биде поставена до 23-ти март. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука