Охрид, 13. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – „Интаглио“ е насловена изложбата на графики, што во петок, 16-ти јуни, ќе биде отворена во Галеријата Робевци.
Изложбата ја сочинуваат дела на шест македонски и бугарски автори (Зоран Мише, Ива Димитрива, Горан Тричковски, Иван Матеев, Павел Целкоски и Васил Ангелов), основачи на графичкото студио Принт Нест од Софија, Бугарија, кои ги негуваат традиционалните графички техники.
Свеченото отворање на изложбата е во 20:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 16