јули 8, 2019

Охрид, 8. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на Охридската научна и уметничка визита 2019, што се организира во Куќата на Уранија-МАНУ во Охрид, утре со почеток во 20:00 часот ќе биде отворена изложба на стари фотографии на Курт Хејлишер.

– Курт Хејлишер (1881-1948 година) бил германски фотограф, кој патувал интензивно низ Европа од 1910 до 1930 година. Автор е на неколку значајни и успешни книги со земјописи, архитектура и фотографии за Италија, Шпанија, Германија. Поради својата работа поканет е во Белград од страна на тогашната власт на кралството СХС (кралство на Србите, Хрватите и Словенците). Направил над 1.200 фотографии почнувајќи од Словенските Алпи, па се’ до Струмица. Хејлешер сам избрал 191 фотографија и објаснил дека „сакал да го покаже атрактивниот различен карактер на земјата, архитектурата и начинот на живот на Југословените. Не сакав да создадам колекција на разгледници“, информираат организаторите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука