Струга, 22. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва во Музејот „Др. Никола Незлобински“ во Струга ќе биде отворена изложба на колор принтови од дрворези работени во Укијое стилот од јапонските најзначајни уметници.
Во Јапонија, 15-тиот и 16-тиот век е доба на завојувани феудалци, за превласт над земја и моќ. Животот на обичниот човек бил непредвидлив, крајно несигурен и често тажен. Но со појавата на Токугава законот (1615-1867 год), бил овозможен подолг период на мир и просперитет, концентриран особено околу ново основаниот град Едо, со што бил овозможен подем на трговската класа. Нивната хедонистичка филозофија, ги пласира моментните задоволства на животот. Од таа атмосфера, во раниот 17-ти век, произлегува задоволството за истражување во уметноста Укијое или лебдечки свет.
Воглавно од Укијое уметниците било барано да ги претставуваат убавите куртизани покрај темите со сумо борби или портрети на воини.
Изложбата содржи колор принтови од дрворези работени во Укијое стилот од јапонските најзначајни уметници-мајстори на дрворезот својот процвет го доживуваат во раниот 17ти до крајот на 19ти век.
Изложбата која ќе биде поставена во струшкиот музеј, е во рамките на проектот MuseumLINK – мрежа на музеи. Отворањето е вечерва во 19 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива