мај 29, 2024

Скопје/Охрид, 29. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Фотографска изложба „Низ фотографскиот објектив на ,Македонида’, уметноста на средновековните цркви во Охрид и Охридско“ е насловот на изложбата што ќе биде отворена вечерва, во 19:30 часот во Музејот на град Скопје.

Изложбата ја организира Гордана Велков од Здружението на граѓани „Македонида“, а е поддржана од Министерството за култура. Стручен соработник е м-р Владимир Таневски, а фотографиите се на д-р Мишко Тутковски.

Фотографиите од изложбата се објавени во книгата Seven Churches in Ohrid, издадена од „Македонида“ во 2022 година. Истражувањето и подготовката на веб-страницата за регистер на византиските цркви во Охрид е проект поддржан од Фондацијата „Ричард Х. Драјхаус“ од Чикаго, САД.

– Градот Охрид во средниот век бил еден од најзначајните уметнички, административни и духовни центри на Балканскиот Полуостров. Охридската Архиепископија во средниот век била значаен црковен и религиозен центар во христијанскиот свет. Денес, црквите во Охрид, со нивната архитектура и фрескоживопис, претставуваат значајно културно и религиозно наследство во целата православна екумена, велат организаторите. (Крај)

извор: умно.мк фото: умно.мк

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука