Охрид, 19. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на ЈНУ Институт за фолклор „Марко Цепенков“ од Скопје, во Охрид ќе биде отворена изложбата „Охрид 1900 година“ низ фотографиите од експедицијата на Н.П. Кондарков во Македонија.
Изложбата ќе биде отворена вечерва, петок, 19-ти јули 2024 година со почеток во 20:00 часот во куќата на Робевци.
Сите посетители ќе можат да ја погледнат до понеделник, 29-ти јули 2024 година. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 78