декември 19, 2017

Струга, 19. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во сабота, на 23-ти декември, со почеток во 18:00 часот, во галеријата на спомен куќата на Ванѓел Коџоман во Струга ќе биде отворена самостојната изложба насловена „Папата и новата кукла“ на ликовниот уметник Сашо Блажес.

– Користејќи примери од историјата на уметноста, поп (шунд) културата на едни поранешни времиња, како и свои пријатели (и себе си), Блажес не само што допира до иронизирање на интимните психолошки доживувања, туку завлегува и во доменот на социјалната антропологија преку критички однос кон „иконите“ на масовната уметност и култура. Неговите „наративи“ се одраз на лицето и опачината на еден специфичен естетски формализам, но и своевидна пост-поп артистичка носталгична референца на одредени трагови и симболи од минатото, вели Маја Чанкуловска Михајловска, кустос при Националната Галерија на Република Македонија.

Изложбата ќе трае до 15-ти јануари 2018 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука