мај 8, 2017

Охрид, 8. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денес во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, ќе биде отворена Изложбата „Победата над фашизмот“.

Изложбата е во организација на Амбасадата на Руската федерација во Република Македонија, Почесниот конзулат на Руската федерација во Охрид и Општина Охрид.

Свеченото отворање ќе биде во 12 часот.

Безусловната капитулација на Третиот Рајх е потпишана во разурнатиот Берлин, само неколку минути по полноќ, на 9 мај. Капитулацијата во име на Врховната германска команда ја потпишаа фелдмаршалот Вилхелм Кајтел, генералот Ханс Јирген Штумпф и адмиралот Ханс Георг фон Фридебург. Од страна на сојузниците договорот го потпишаа рускиот маршал Георги Жуков и британскиот генерал Артур Тедер. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука