Струга, 21. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, во недела, на 23-ти јули, со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи втората изложба „По трагите на светлината 2“ од Драган Стефаноски.
– Драган Стефаноски како многу стружани и тој од рано детство бил љубител на фотографијата. Од 1980 година натаму активно творел и изработувал аматерски филмови со секојдневни убави мигови од Струга, Охрид и од други околни места. Со презентирање на фотографија започнал активно од 2010 година. Ги повикува сите љубители на фотографијата да се вклучат во популаризацијата на Струга и цела Македонија воопшто, информираат организаторите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 28