Охрид, 5. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Како дел од активностите за одбележување на државниот празник 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија во недела, на 8-ми септември 2024 година, во 18:00 часот, во Куќата на Робевци ќе биде отворена самостојна изложба од авторот Боро Митрески- Минта насловена „33 Христос живот за спас на човештвото“.
Во истата се изработени 33 сребрени микроекспонати (годините на Христос).
Посетителите ќе можат да ја видат изложбата во периодот од 8-ми до 14-ти септември 2024 година. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Охрид 1
Прочитано: 27