Охрид, 25. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – На полето на визуелните уметности НУ Завод за заштита на спомениците и музеј – Охрид годинава ќе реализира повеќе изложби на македонски и странски уметници.
Годинава посетителите ќе можат да погледнат 27. Традиционална изложба „Антологија 1“, која е изложба на дела од збирката на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид.
Ќе следи проектот „Интаглио“ – изложба на графика од група автори.
„EP SPOT“ е насловена самостојната изложба на Емилија Персу од Романија, додека публиката ќе има можност да ја погледне и изложбата „Портрети“ на охриѓанецот Сашо Блажески.
Постановката „Мал формат“ на Друштвото на Ликовни Уметници на Македонија, годинава ќе биде донесена и во Охрид.
Исто така НУ Завод и Музеј – Охрид, годинава ќе ја постави и изложбата „Никулец“ – самостојна изложба на Христина Зафировска. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива