Охрид, 25. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Повторно се одржа стручна расправа околу измените и дополнувањата на Генералниот урбанистички план за град Охрид.
Предлог планот се однесува за планскиот период 2014 — 2024 година. Како што беше речено измените и дополнувањата се однесуваат на 9 урбани блокови на ГУП.
Стучната расправа е повоторена поради тоа што два блока претрпеа измени. Станува збор за урбан блок 17.1 Студенчишко блато и урбан блок 2.4 кај Факултетот за туризам и угостителство, информира раководителот на Секторот за урбанизам, Бранко Арнаудов.
– Во урбаниот блок 2.4 наместо хотелски комплекси кои беа предвидени со претходниот Генерален урбанистички план се предвидуваат објеки за образование, односно на оваа локација остануваат средното угостителско училиште и Факултетот за туризам. Што се однесува за Студенчишкото блато во целост се вратени намените со ГУП од 2006 година, тоа да биде строго заштитена зона, потенцира Арнаудов.
На стручната расправа присуствуваа претставници на Општина Охрид, советници, претставници на невладини и граѓански организации, претставници на месни заедници и граѓани. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес