Охрид, 2. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – На магистралниот пат А2 делница Кичево-Охрид, од Пресека до Песочани денеска од 15:00 часот ќе има времена измена на режим на сообраќајот.
– На оваа делница сообраќајот ќе се одвива со преминување од една на друга коловозна лента во должина од 2,5 километри. Ваквиот режим на сообраќај ќе трае до изградба на автопатот А2, делница Кичево-Охрид, информираат од АМСМ.
Режимот на сообраќај е предвиден со девијации, односно преминување од една на друга коловозна лента, во должина од 2,5 км. (Крај)
извор: АМСМ фото: архива
Прочитано: 26