Охрид, 14. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Според официјалните податоци на Министерството за здравство на Република Македонија, изминатите 10 дена, во Охрид се регистрирани 88 новозаболени лица од Covid-19.
Во истиот период болеста ја победија 55, а не се регистрирани починати лица. Од почетокот на пандемијата во Охрид се регистрирани 6.276 случаи на лица заболени од Covid-19, од кои во моментов се активни 228.
Според последните информации на Министерството за здравство на Република Македонија, во земјата се направени вкупно 1.426.274 тестирања на Covid-19. Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 208.992, бројот на оздравени пациенти е 193.072, на починати е 7.320, а бројот на активни случаи изнесува 8.600. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес