Охрид, 11. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – И понатаму Охрид е високо на листата градови со нови случаи на Covid-19. Според официјалните податоци на Министерството за здравство на Република Македонија, изминатите 10 дена, во Охрид се регистрирани 151 новозаболени лица.
Во истиот период болеста ја победија 42, а починаа 7 лица. Од почетокот на пандемијата во Охрид се регистрирани 5.673 случаи на лица заболени од Covid-19, од кои во моментов се активни 554.
Според последните информации на Министерстото за здравство на Република Македонија, изминатите 24 часа во Охрид се регистрирани 8 новозаболени лица. Во текот на последните 24 часа се направени 5.362 тестирања, при што се регистрирани 577 нови случаи на Covid-19.
Досега во земјата се направени вкупно 1.211.959 тестирање на Covid-19. Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 182.450, бројката на оздравени пациенти е 163.070, на починати е 6.214, а бројот на активни случаи изнесува 13.166. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес