Охрид, 14. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Охрид и натаму секојдневно е во извештаите на министерството за здравство за регистрирани новозаболени со COVID-19.
Според официјалните податоци изминатите 10 дена, во Охрид се регистрирани 124 новозаболени лица. Во истиот период болеста ја победија 35, а починаа 8 лица.
Од почетокот на пандемијата во Охрид се регистрирани 5.711 случаи на лица заболени од COVID-19, а моментално активни се 592.
Охрид и натаму е меѓу градовите со најголем опфат на вакцинирано население со една доза на вакцина, над 60%, што придонесе да нема значително оптоварување на болничките капацитети. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 19