Охрид, 19. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – И понатаму Охрид е високо на листата градови со нови случаи на Covid-19. Според официјалните податоци на Министерството за здравство на Република Македонија, изминатите 10 дена, во Охрид се регистрирани 135 новозаболени лица.
Во истиот период болеста ја победија 8, а починаа 9 лица. Од почетокот на пандемијата во Охрид се регистрирани 5.673 случаи на лица заболени од Covid-19, од кои во моментов се активни 663.
Според последните информации на Министерството за здравство на Република Македонија, изминатите 24 часа во Охрид се регистрирани 11 новозаболени лица. Во текот на последните 24 часа се направени 5.793 тестирања, при што се регистрирани 539 нови случаи на Covid-19.
Досега во земјата се направени вкупно 1.248.079 тестирање на Covid-19. Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 186.549 бројката на оздравени пациенти е 166.851, на починати е 6.437, а бројот на активни случаи изнесува 13.261. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес