септември 28, 2021

Охрид, 28. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Според официјалните податоци на Министерството за здравство на Република Македонија, изминатите 10 дена, во Охрид се регистрирани 124 новозаболени лица од COVID-19.

Во истиот период болеста ја победија 258, а починаа 4 лица. Од почетокот на пандемијата во Охрид се регистрирани 5.907 случаи на лица заболени од COVID-19, од кои во моментов се активни 515. Охрид и понатаму е на четврто место на државно ниво по број на активни лица со коронавирус.

Благодарение на високиот процент на вакцинирано население нема притисок во болничките капацитети.
Заклучно со 18-ти септември во Охрид прва доза вакцина против COVID-19 примиле 28.471 лица над 18 години, што е 63,9% од населението. Со две дози се имунизирани 26.707 лица. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука