Изминатите 24 часа во Охрид наврнаа 44,9 l/m² воден талог
октомври 5, 2024

Охрид, 5. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на изминатите 24 часа во Охрид наврнаа 44,9 l/m² воден талог, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР).

Според истиот извор, најмногу дожд наврна во Лазарополе и Пожаране – 65 l/m².

Во Охрид денес променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта кога и понатаму ќе биде ветровито. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до 24. степени.

– Денес и утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Врнежите денес ќе бидат пообилни во источните, а утре во северните делови. Потоа времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука