Скопје/Охрид, 18. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Крушево 16 литри на квадратен метар, 14 во Битола и Попова Шапка, 12 во Тополчани, 11 во Прилеп, 10 во Претор, 9 во Пожаране и Маврови Анови, 6 во Охрид, Гевгелија и Дебар, 4 во Тетово, Лазарополе, Демир Капија, Велес и Кавадарци, 3 во Скопје-Зајчев Рид, 2 во Скопје-Петровец и само еден литар на квадратен метар во Струмица.
Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), најстудено утрово било на Попова Шапка каде се измерени шест степени, а најтопло во Гевгелија 16 степени. Во текот на ноќта и утрово преовладуваше облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет, претежно во јужните делови.
Во Охрид денес променливо време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до 17. степени.
– Ќе се задржи променливо облачно време со врнежи од дожд, проследени повремено со грмежи. До петок врнежите наместа ќе бидат пообилни и повремено поројни. Денес температурите преку денот ќе бидат за 3 до 5 степени пониски, а потоа ќе биде во постепен пораст, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес