Струга, 9. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Изработена е физибилити студијата за изградба на туристичка развојна зона во струшкото село Калишта.
Новата туристичка зона ќе биде лоцирана во близина на манастрискиот комплекс и ќе се простира на површина од 14 хектари. Предвидено е да се градат хотели, 90 апартмани, 30 вили, плажа и спортски терени.
Ваква зона е планирано да се гради и во Дојран, со цел да се забрза развојот на туризмот. Почетната цена за продажба на земјиштето изнесува едно евро за метар квадратен.
Според најавите, има повеќе опции за инвестирање во нив:прватен инвеститор, јавно-приватно партнерство, јавна инвестиција, концесија или модел на менаџирање.(Крај)
извор:ОхридПрес фото:архива
Прочитано: 33