Торино, 07. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Неделниот натпревар помеѓу Јувентус и Унтер беше исполнет со тензии и груби стартови, а најдебелиот крај го извлекоа играчите на Интер, Иван Перишиќ и Мауро Икарди, кои се суспендирани на по два меча.
Хрватот заработи црвен картон додека пак Икарди со погрдни зборови се обрати кон главниот арбитар на мечот, Никола Рицоли.
Икарди ќе треба да плати и парична казна од 10 илјади евра, поради тоа што по последниот свиреж ја шутна топката кон Рицоли, за малку промашувајќи ја неговата глава. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 22