Скопје, 20. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во навечерието на празникот Рождество на Пресвета Богородица, денеска во Скопје ќе биде донесена икона на Пресвета Богородица „Троеручица“ од светогорскиот манастир Хиландар.
– Свечениот пречек на иконата ќе биде во 17:00 часот пред храмот „Рождество на Пресвета Богородица“. Потоа ќе следи празнична Вечерна богослужба, по што ќе се изврши литија со иконата низ центарот на Скопје, информираат од Канцеларијата на Скопската епархија.
Додаваат дека утре, сабота, 21-ви септември 2024 година, ќе се отслужи света архијерејска Литургија, на која ќе началствува Неговото блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на архијереи и свештенослужители на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија и гости. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива