Охрид, 31. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Вреќа и рекламен панел завршиле вчера во водите на Охридското Езеро, како уште еден доказ (ако воопшто се потребни уште) на колективната неодговорност.
Во младешки занос за докажување или едноставно од некултура, некој ги исфрлил во езерото, пред очите на туристите кои во огромен број поминуваат во центарот на градот секојдневно.
Фотографиите се направени во езерото, на потегот пред Домот на културата „Григор Прличев“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 29