Скопје/Струга, 12. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) објавија инспиративно видео за деветгодишниот Јован Кутаноски од Струга кој е повеќекратен првак во триатлон, дуатлон и акватлон е првиот талент поддржан во вториот циклус на кампањата „Вложуваме во млади таленти“.
– Кога ученикот го надминува учителот, приказната вреди да се раскаже. Погледнете ја инспиративната приказна на малиот триатлонец Јован Кутаноски кој уште на 3 години го завршил својот прв триатлон, а досега има освоено повеќе први места во својата категорија како на државно, така и на меѓународно ниво, порачуваат од АСОМ.
Станува збор за исклучителен талент кој на свои 3 години успеал да комплетира триатлон и е носител на бројни медали на државни и меѓународни првенства.
Меѓу неговите најнови успеси се освоеното прво место на Националното триатлон првенство во Дојран, прво место во Хрватската триатлон лига и првото место во триатлон на меѓународно натпреварување во Германија, во својата категорија.
Повеќе за Јован ОВДЕ. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива