Струга, 5. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Центарот за развој на југозападниот плански регион, во рамки на проектот „Реконструкција на ЈЗУ Нефрологија Струга и креирање на услови за здравствен туризам во ЈЗПР“, ја реализираше една од најважните активности, а тоа е инсталација на фотонапонски панели од 40kW во болницата.
Поставени се соларни панели на кровот на објектот и тоа 72 панели од по 550W, како и инвертер со сила од 40kW.
– Со оваа активност ќе се овозможи здравствената институција да ги намали трошоците за електрична енергија, а истовремено и намалување на загадувањето на животната средина. Проектот е подржан од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка, Министерство за локална самоуправа, како и кофинансирање од страна на ЈЗУ „Нефрологија“ Струга, велат од Центарот.
Вредноста на проектот е 1,4 милиони денари, а изведувач на работите беше економскиот оператор „Зимак Стретен“ дооел Битола. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива